Околу 400.000 двојки во Србија имаат некој проблем со стерилитет. Србија во април доби Закон за биомедицински потпомогната оплодување со кој се создадени услови за формиање банки на репродуктивни клетки, ткива и ембриони со што на двојките им се зголемуваат шансите за потомство.
Од следната година во Србија ќе може жени и мажи (па и малолетни лица) да замрзнат или донираат свои полови клетки на сметка на државата.
– Добра вест е што Србија добива своја Национална банка на полови клетки и ембриони бидејќи се поголем број двојки заминуваа во странски клиники. На тој начин тие луѓе имаа големи трошоци и истровремено од државата се одлеваа големи материјални средства, изјави Зорица Црногорац, експерт за лекување стерилитет.