Откако ХБО го најави продолжението на култната серија „Сексот и градот“, но без улогата на познатата Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс, обожавателите развија стотици теории за тоа како би изгледала серијата без фаталната Саманта. Конечно, извршниот директор на ппродукциската куќа, Кејси Блојс проговоре во обид да ги расчисти сите тие претпоставки.
Според неговите кажувања, Сара Џесика Паркер, која ја глуми Кери Бредшо во серијата и сценаристот Мајкл Патрик Кинг, со кој го пишуваат сценариото за продолжението, не се обидуваат да го повторат „Сексот и градот“ од претходно.
– Ликовите веќе не ги живеат своите триесетти. Toа ќе биде приказна за жени во 50-тите години од животот, што ги прават токму работите што ги прават и другите луѓе во своите педесетти. Исто како и во вистинскиот живот, луѓето влегуваат во вашиот живот, но тие и заминуваат. Пријателствата згаснуваат, а се раѓаат нови. Значи, мислам дека сè може да се поврзе со вистинскиот живот, објаснува Блојс околу тоа зошто серијата е без Саманта.
Како што додава тој, Сара и Патрик Кинг ќе се обидат да раскажат приказна за тоа како навистина жените се справуваат со средовечноста во Њујорк. Серијата ќе вклучува и мноштво кадри што ќе покажат како изгледа најнаселениот американски град денес.
Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк) ќе бидат дел од новото продолжение на серијата, насловено „И просто, така оди тоа“ (And Just Like That).