Претседателот на опозициската Алијанса за Албанците, Зијадин Села истакна дека тие како коалиција со Алтернатива стојат позади независната кандидатура за Град Скопје на Данела Арсовска.

Во изјавата за новинатите после Централното преседателство на партија, на кое се одлучуваше за нивните кандидати за градоначаници, Села порача дека тие како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат договор за соработака и взаемна поддршка на престојните локални избори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, при што за Скопје и тие застануваат позади Данела Арсовска со крајна цела, победа и носење промена во Град Скопје.

„Ние има еден договор за соработка и со други политички субјекти и овој договор за соработка е јавно објавен. Така како што му направивме понуда пред неколку месеци на нашите опоненти, Демократска унија за интеграција да излеземе и лице во лице да се соочиме на локалните избори. Тие не го прифатија овој договор, наметнаа друго темпо на понуда на трката и ние одговоривме на ист начин. Нормално е опозицијата да има соработка во различни зони и ние имаме договор за соработка и взаемна поддршка, тие во општини во кои невозможно е да победат и ние исто така ќе ги поддржиме нив во општини во кои невозможно е ние да победиме. Тоа е нашиот договор и ние стоиме позади овој договор. Што се однесува за Град Скопје, таму има објавено една независна кандидатура и ние ќе стоиме позади за да ја донесеме промената и да го добиеме и Град Скопје и со ова ние се однесуваме во согласност со опозицијата“, истакана Села.

Тој потенцираше дека примарна цела на опозицијата секаде е победа на избори и доаѓање на власт и поради тоа очекувана и нормалана е секоја соработка помеѓу опозициските партии.

За таа цел, Села ги повика сите македонски граѓани да се обединат и на престојните избори актуелната власт да ја пратат во опозиција така што на тој начин корумпираните лица во власта да ги пратат пред лицето на правдата.

„Примарна целта на опозицијата секаде е да ја добие власта, примарна цел и е да го формира новото раководство. А од друга страна оваа Влада го претера зулумот со корупција и со се друго. Толку е евидентна корупцијата што самите владини експоненти зборуваат за корупцијата, истите кои 20 години се тие кои ја саделе, растеле, ја развиле и сега ги гушат граѓаните, но само едно треба јавно да прифатат. Тие што ја создале оваа ситуација, не може да ја решат. Тие што ја создале оваа ситуација треба да одговарат и воопшто да не се обидуваат, за вината за корупција, да му ја префрлат на народот, да не бараат народот да одговара за корупцијата, затоа што тие кои треба да одговараат е тој политички субјект кој 20 години е на власт. Цивилизираните држави и со консилидирана демократија и со законски ред, политичарите ги ставаат на одговорност уште додека се на власт. Додека државите како … Македонија, во кои правната држава ја нема, за жал, и тоа е одговр, политичарите одговараат кога одат во опозиција. Ајде заедно да ги испратиме во опозиција, да ги ставиме одговорноста за да пратиме порака, дека треба да се каже „доста е веќе“, да се сопре корупцијата, затоа што навистина е рана сите ние заедно треба да ја излечиме“, апелираше Села.