Македонија не може да си дозволи да одржи избори без присуство на наблудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, изјави претседателот на Алијансата за Албаците, Зијадин Села, по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Пред новинарите Села, истакна дека на овој состанок со лидерите на политичките парти и претседателот опширно дискутирале за ситуација со КОВИД-19 и заедно се договориле датумот на изборите да го одредат со консензус.
– Државата ќе се обрати до оваа меѓународна институција за да ја види нивната подготвеност и времето кога тие може да ја пратат нивната набљудувачка мисија. Истовремено потребни се советувања со Државната изборна комисија, во врска со изборите. Во почеток на идната недела се договоривме да имаме нов состанок кај претседателот со цел да се договориме за финалната дата за изборите заедно и со консезус, изјави Села.
На новинарско прашање, Села додаде дека освен здравјето на граѓаните треба да се има предвид и здравјето на државата и општеството. Според него, неопходно е да се воведе парламетнарна демократија и избори мора да има.
– Верувам дека секој политички актер треба да има предвид дека на избори треба да се оди кога опасноста од вирусот е сведна на минимум. Според податоци и анализи од некои експерти, тоа е период кога температурите се високи. Но, за оваа треба да се изјасни и Комисијата за заразни болести, изјави Села.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, исто така наведе дека со оглед на фактот дека тие како партија се во коалиција со Алијанса за Албаците, нивните ставови во средбата кај претседателот биле слични, односно тој потенцираше дека најбитно е здравјето на граѓаните и дека изборите треба да се одржат кога ќе има најдобри услови со цел што помалку граѓани бида изложени на опасности.