СЕЛА ЗА „КЛИК ПЛУС“: Од понеделник започнува создавање ново парламентарно мнозинство!

/ 29.10.2021

Ќе има ново и стабилно мнозинство порача вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

„Коалициските партнери на Заев нема да сакаат да одат со Заев на наредните избори, затоа што гледаат дека Заев тоне. Тие имаат и пратеници сега. Ние ќе создадеме ново мнозинство“, посочи Села.

На прашање на модераторот колку пратеници има, Села истакна дека 12 имаа АА, ВМРО-ДПМНЕ 44, а тоа се 56, додека на прашањето од каде уште 5, Села кратко одговори: „Ќе видите од понеделник“.

Запрашан за Левица, села изјави  „Немам контакт со нив, ќе видиме. Ќе земеме можеби и од ДУИ пратеници. Како и да е, од понеделник ќе започне процесот на собирање на доволен број пратеници и создавање на ново владино мнозинство!“, порача Села.


Од истата категорија