Либанскиот министер за економија, Емин Селам, изјави дека 60 отсто од населението во земјата живее под прагот на сиромаштија и предупреди дека работите ќе се влошат доколку не се спроведат економски и социјални реформи, пренесува Анадолија.
Либанската агенција NNA јави дека Селам присуствувал на конференцијата насловена „Либан: изгледи за економско закрепнување“ организирана од Американската стопанска комора.
Во својот говор Селам истакна дека Либан го доживеал најлошиот период во последните две години поради економската и финансиската криза, проследена со епидемијата на коронавирусот и експлозијата што се случи во пристаништето Бејрут на 4 август минатата година.
Соопштувајќи дека 60 отсто од населението во Либан живее под прагот на сиромаштија и дека стапката на сиромаштија и невработеност расте, министерот додаде дека последните податоци покажуваат дека стапката на сиромаштија кај младите е 40 отсто, а стапката на невработеност е 35 отсто.
-Ја препознаваме важноста од мобилизирање на меѓународната заедница за давање помош и инвестиции, но тоа зависи од механизмот што го усвои владата за спроведување на финансиските, социјалните и владините реформи. Без економски и социјални реформи, закрепнувањето и обновата не можат да бидат одржливи, а социјалната и економската состојба ќе се влошат, додаде Селам.