На прес-конференцијата по натпреварот и победат над Ерменија, селекторот Благоја Милевски им честита на своите фудбалери и ги истакна нивните вредности.
„Честитки за мојата репрезентација, но и за противникот. Иако Ерменија имаше свои моменти, сметам дека Македонија заслужено победи. Можеби Ерменија беше поактивна во првиот дел, но немаше премногу шанси. Ние ги корегиравме нашите линии на полувремето и во продолжението бевме подобар противник.
Ме радува фактот што по моменти на конфузност и нервоза при посед на топка во првиот дел, се вративме на најдобар можен начин. Тимот беше тука да ги коригира грешките на инвидуалците. Тоа е таа енергија која го краси оваа селекција. Полека се доближуваме до целта да изградиме група на добри личности и одлични фудбалери. Со своите настапи во репрезентацијата нашите фудбалери испраќаат пораки и до своите тренери во клубовите. Некои тренери не можат и не сакаат да ги видат нивните квалитети. Девет од единаесет фудбалери не играат во континуитет во своите клубови и пак играат два натпревари во четири дена. Ме радува тоа што не примивме гол на три натпревари по ред и што имаме одличен дух и помагање меѓусебе. Им реков на фудбалерите дека позитивно се „ненормални“ како играат за Македонија.
Победата ја посветувам на мојот тим, на стручниот штаб, на федерацијата за логистиката во цел овој период“, заврши Милевски.
Претходно, во соблекувалната тој им се обрати на фудбалерите:
– Никогаш не сум бил пократок. Вие не сте нормални!