Девојка со пиштол го застрелала својот 10-годишен внук од сестра, додека го чувала. Инцидентот се случил кога таа сакала да направи самослик.
Повреденото момче е во тешка состојба, но се очекува негово целосно заздравување.
Кејтлин Смит (19) го застрелала детето во стомакот, мислејќи дека оружјето не е наполнето со муниција. Таа е обвинета за нанесување тешки телесни повреди на дете.
– Жената изјави дека го зела оружјето за да направи фотографии со него. Додека се сликала, пиштолот испукал и го повредил детето, изјави претставник на полицијата
Според статистика на САД, од почетокот на оваа година 6.555 лица загинале при престрелки. Од нив, како што пренесува „24 часа“, 321 смртен случај бил последица од случаен истрел. Лани 3.760 лица на возраст под 18 години биле ранети или убиени при пукање со огнено оружје.