Селин Дион по речиси три и пол години се врати на настапите во живо.
Пејачката запеа од сцената на Ајфеловата кула на свеченото отворање на 33 Олимписки игри во Париз.
Таа на крајот на 2022 година објави дека боледува од ретка невролошка болест која предизвикува вкочанетост на мускулите и зголемена чувствителност на звук, допир и емоционална поддршка.
Дион поради ова ги откажа сите концерти.
– Колку сме горди! Нашата Селин пее „L’hymne a l’amour на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз“, напиша премиерот на Квебек Франсоа Лего на платформата X.
🇫🇷 CÉLINE DION POUR LE FINAL DE LA CÉRÉMONIE D’OUVERTURE. UNE LÉGENDE. (France 2) #ceremoniedouverture #Paris2024
— Mediavenir (@Mediavenir) July 26, 2024