Познатиот британски пејач и кантавтор Сем Смит проговори за својот „небинарен полов идентитет“ и призна дека размислува за промена на полот.
– Навистина понекогаш размислувам како жена, во својата глава. Се имам прашано себе си дали сакам промена на полот. Тоа е нешто за што сѐ уште размислувам, изјави Смит во интервју за Би-Би-Си.
Таканаречените небинарни лица обично не се идентификуваат исклучиво како мажи или како жени.
– Отсекогаш во моето тело и ум имало мала војна на тоа поле… Не сум ниту машко ниту женско, мислам дека пловам некаде на средина, нагласува Смит.