Семејството на 27-годишната Драгана Бошковска од Скопје, за која од синоќа на социјалните мрежи се ширеше апел за помош, штотуку ја пронашло во обложувалница во скопската населба Кисела Вода.
Апелот за помош беше објавен отакако во петокот вечерта ја напуштила семејната сендвичарница во Влае и исчезнала.
„Потрагата е успешна, а Драгана е повторно со своето семејство“, информира нејзината сестра за „Слободен печат“ заблагодарувајќи им се на граѓаните за солидарноста.