Семејна трагедија денеска се случи во Белград во која настрадаа 36- годишната Данијела и нејзината 3- годишна ќерка.
Трагичниот настан се случил во населбата Бежинска Коса во главниот град на Србија, кога мајката посегнала по животот на малолетната ќерка, а потоа и по сопствениот.
Според неофицијални информации, мајката најпрво и ги пресекла вените на ќерка си, а потоа ја фрлила од прозор од зградата, го запалила станот и скокнала и таа од зградата.
Очевидци велат дека потресен момент било кога ја виделе сликата на која малото девојче во рацете ја држело куклата со која секогаш си играла.
-Прво го фрли детето, а потоа стоеше на прозорецот неколку минути и викаше како се жените загрозени. Тогаш и таа се фрли од прозорецот, а 10 мин подоцна видов чад како излегува од станот, тврди очевидец.
Според неофицијални извори еден од соседите ја молел да не скока.
Кога нејзиниот сопруг се вратил од работа затекнал трагична сцена и поради силниот шок итно добил лекарска помош.