Во Полициско одделение Маврово вчера околу 18 часот, Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син починал.
-Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови, информираат од СВР Тетово.
Неофицијално се работи за 14 годишно момче.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.