Тетовската полиција евидентира случај пријавен од Тетовската болница при што 74 годишник за здобиените повреди ја посочил снаата како сторител. Тој бил донесен во тетовската Клиничка болница вчера околу 23 часот и 30 минути.
-Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село, вчеравечер околу 23 часот и 30 минути бил пренесен во тетовската Кличничка болница за укажување на лекарска помош, откако половина час пред тоа физички бил нападнат и повреден од неговата 27-годишна снаа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тетовската полиција бележи уште една пријава за физички напад. Вчера 46 годишник пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат на улица „107“ од Н.С.(19) и Р.Т.(22), двајцата од Тетово.