Анонимно семејство од Велика Британија кое сака да го пропатува светот, бара „лајфстајл“ фотограф кој за 80.000 фунти годишно би ги следел на тоа патување и фотографирал.
Огласот е објавен на Perofocal.
Сите трошоци, патувања, храна и сместување ќе ги покрие семејството какоо и 30 денови одмор.
Патувањата може да почнат во февруари, а огласот е окарактеризиран како „добра шанса за која е потребна голема посветеност“. Се бара фотографот да работи по 10 часа дневно.