Tројца американски сенатори поднесоа во суд во Вашингтон жалба на именувањето на Mетју Витејкер на местото вршител на должност министер за правда со тврдење дека неговото назначување е противуставно.

Сенаторите сметаат дека неговото именување претставува кршење на клаузулата на американскиот Устав за постапката за именување според која Сенатот е тој што дава „совет и одобрениe“ за претседателските имeнувања за клучни места во федералната влада.

Во образложение на 17 страници сенаторите објаснуваат дека Витејкер не може да биде назначен на таа функција бидејќи Сентот не го потврдил на неговата претходна функција. Витејкер за време на поранешниот министер за правда, Џеф Сешнс бил шеф на неговиот Кабинет.

Витејкер во повеќе наврати ја критикуваше истрагата на Малер.