Американскиот сенатор Гари Питерс денеска изјави дека поморската база во Гвантанамо, која ја користи американскиот претседател Доналд Трамп за сместување на мигранти, чини 100.000 долари дневно по притвореник, осудувајќи го тоа како класичен пример за расипничко трошење на јавни пари.
Питерс побара од министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем да даде информации за високата цена, која е далеку повисока од 165 долари дневно колку што чини притворот во имиграциските центри во Соединетите Американски Држави, пренесува Ројтерс.
Тој, исто така, праша зошто притворените биле испраќани во американската поморска база на Куба, а потоа вратени во САД на сметка на даночните обврзници.