Д-р Сузан Монарез беше директорка на Центарот за превенција и контрола на болести на САД само 28 дена – од 31 јули 2025 година до 27 август оваа година. Беше сменета откако одбила да ги отпушти оние вработени во Центарот кои препорачувале и натаму да се продолжи со вакцинација на шестмесечни бебиња, на пример со вакицна против хепатитис Б, иако мајката е негативна и иако препораките на Секретаријот за здравство биле токму такви. Таа всушност се спротивставила на политиките на секрeтaрот Роберт Кенеди јуниор и морала да си замине од позицијата. Ова е дел од сослушувањето во Сенатот кое го води сенаторот Ранд Пол, еден од големте противници на здравствените политики на администрацијата на екс претседателот Џо Бајден за време на КОВИД епидемијата, голем противник на задолжителнага вакцинација против КОВИД итн. Сослушувањето го пренесуваме за да се види како тоа фукцинира една демократија кога ќе се нотира одреден проблем:

Ранд Пол: Д-р Монарез, се согласувам целосно со вас дека треба да ја вратиме довербата во јавното здравство. Но, за да го направиме тоа, мора да водиме дискусија за вистинската наука и не можеме да водиме дискусија за тоа, знаете, дека сите вакцини се добри, сите вакцини се лоши. Станува збор за специфични вакцини. Станува збор за специфични возрасни групи. Станува збор за специфични политики. Дали вакцината против КОВИД спречува пренесување на вирусот?

Д-р Монарез: Вакцината против КОВИД може да го намали вирусното оптоварување кај лица кои се…

Ранд Пол: Дали го спречува преносот?

Д-р Монарез: Кога имате намалено вирусно оптоварување, ќе имате и намалена трансмисија.

Ранд Пол: Но, со други зборови, не го спречува преносот. Сè уште можете да го пренесете вирусот ако сте ја примиле вакцината. Всушност, со текот на времето се намалува способноста за попречување на преносот. И она што го откривме е најновото откако „омикрон“ варијанта на САРС КОВ2 е намалена за околу 16 отсто. Ако има намалување, дали вакцината против КОВИД ја намалува хоспитализацијата кај деца под 18 години?

Д-р Монарез: Може.

Ранд Пол: Не е така. Статистиката е неубедлива. А причината зошто не можете да докажете дека е така е што има толку малку луѓе под 18 години кои одат во болница. Бројките се извонредно мали. Има околу 76 милиони деца под 18 години во нашата земја. 183 починаа, а неколку илјади отидоа во болница во 2020 и 2021 година. И оттогаш бројките нагло се намалија. Но, вакцината против КОВИД не ја намалува хоспитализацијата. Не е статистички значајно. Дали вакцината против КОВИД ја намалува стапката на смртност кај деца под 18 години?

Д-р Монарез: Може.

Ранд Пол: Уште еднаш – „може“. Тоа е смешен одговор. Не, не може. И нема статистички докази дека тоа ја намалува стапката на смртност. Ова се статистики. Ние ги разгледавме. Кога го одобрија вакцинирањето, ја имаа оваа дискусија во Комитетот за вакцини. За време на дискусијата, тие признаа дека нема доказ за намалување на хоспитализациите или на смртните случаи. Па, она што го направија е дека рекоа: „Што можеме да користиме за да се обидеме да ги натераме луѓето да ја примат оваа вакцина?“ Тие го смислија ова. Тие рекоа дека ако ви дадеме вакцина против КОВИД, вие создавате антитела. Значи, всушност, целата препорака за примање вакцина против КОВИД од бебиња стари шест месеци или повеќе не се базира на податоци за хоспитализација, не се базира на смртни случаи. Таа се базира на тоа дали создавате антитела или не. И она што луѓето не го гледаат од ова е дека можам да ви инјектирам туѓ протеин секоја недела и да ги мерам вашите антитела. Ќе создавате антитела секој пат. Тоа само значи дека имунолошката работа нема никаква врска со тоа дали треба да се вакцинирате секоја недела. Значи, кога дискутираме за науката овде, мора да дискутираме која е науката во прилог на давање вакцина на шестмесечно бебе и кои се придобивките од тоа, а нема намалување на хоспитализација или смрт, а потоа какви би биле ризиците од вакцината. Имаме големи популациски студии за ризиците од вакцината кај помладите луѓе. И се испоставува дека ова не се гледа толку многу ако ја погледнете општата популација, но откако ќе почнете да се изолирате по возрасни групи, што мора да го правите кај КОВИД бидејќи има таква разлика меѓу возрасните групи, откривате дека постои ризик од миокардитис. И ризикот да добиете миокардитис е многу поголем од ризикот од хоспитализација или смрт од КОВИД, а податоците за ризикот од хоспитализација или смрт покажуваат дека тој е толку мал што дри не е ни мерлив. Значи, се спротивставивте на отпуштањето на луѓе кои имаат идеја дека вакцината против КОВИД треба да биде на шест месеци. За тоа се работи. Но од друга страна, не се спротивставивте на отпуштањето на научници кои се кариерни луѓе и необјективни и непристрасни. А, не би ги отпуштиле луѓето кои велат дека мора да ги вакцинираме нашите деца на шестмесечна возраст. Тоа се оние што одбивате да ги отпуштите.

Д-р Монарез: Значи, тоа тврдење не е соодветно со искуството што го имав со лицата кои се идентификувани како отпуштени.

Ранд Пол: Дали некој од луѓето што одбивте да ги отпуштите веруваше дека треба да го промениме распоредот за вакцинирање и повеќе да не ги принудуваме шестмесечните деца да ја примат? Секој од нив беше убеден дека треба да ја задржиме на шест месеци. А нема медицинска причина. Која е медицинската причина да се даде вакцина против хепатитис Б на новороденче чија мајка нема хепатитис?

Д-р Монарез: Значи, ниту една од точките за дискусија што ги споменавте…

Ранд Пол: Ова е дебатата за промена на распоредот кај децата. Вакцината против хепатитис Б според распоредот се дава на новороденчиња. Која е медицинската научна причина и доказ за давање вакцина против хепатитис Б на новороденче ако мајката е Б негативна?

Д-р Монарез: Сакам да се вратам на тврдењето поврзано со…

Ранд Пол: Која е медицинската причина за давање вакцина против хепатитис Б на новороденче?… За тоа треба да се води дебатата, а не дали сите вакцини се добри или дали живееме во Алиса во земјата на чудата.

Д-р Монарез: Всушност, се согласувам со Вас и бев отворена за науката. Само не би се обврзала однапред да ги одобрам сите препораки на ACIP без науката.

Ранд Пол: тоа е невистина.

МИА