Сензација во Атина на вечерашните натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020 година, каде Грција одигра само 1:1 со Лихтенштајн, земја која има помалку жители отколлу Грицја фудбалери.
Грција поведе во 33 минута со голот на Масоурас, мирно го приведуваше натпреварот кон крајот, но во 85 минута Лихтенштајн изедначи преку Салановиќ.
По шест одиграни натпревари, ова е прв гол на Лихтенштајн (има примено 19) и прв бод во групата.
Грција сега е на петто, претпоследно место во групата со пет бодови, и по овој натпревар, се чини ги загуби и теоретските шанси за борба за второто место, на кое се наоѓа Финска со 12 бодови, која вечерва, на домашен терен загуби од Италија со 1:2. Италијанците имаат шест победи од шест натпревари.
На другите натпревари, Шведска и Норвешка одиграа 1:1, а Шпанија со 4:0 ги победи Фарските Острови.
Претходно, Грузија и Данска одиграа 0:0, БиХ загуби од Ерменија со 4:2, но поради поразот на Финска може да се надева на чудо иако заостанува пет бодови.
Романија ја победи Малта со 1:0, а Швајцарија Гибралтар со 4:0.