Сензорите за мерење на шеќер кои пациентите ги добиваат од државата, се недоволно кавлитетни се жалат дел од луѓето со дијабетис, објави Канал 5.
Велат наместо 14 им траат по 3 до 4 дена, па месечно треба да одвојат плус уште речиси 100 евра за да може без проблем да го минат месецот.
Таков е и случајот на 11 годишната Јана Костадиновска, чии татко раскажува случајно пред околу една година и била откриена болеста, без претходно да има било какви симптоми.
„Овие треба да траат 14 дена, нас ни траат 3,4 дена. Овој трансмитер откажува и после прашалници нема… после си купуваме на приватно… тоа месечно не чини уште 100 евра… Претпоставувме има трансмитери, тоа го полниме и тоа не трае повеќе од 3 дена, а треба 14 дена. Значи ни даваат 12 за 6 месеци, а нас ни траат по две недели… има убави сензори кои траае по 14 но се по 50 евра… “-изјави Костадин Костадинов – татко на дете со дијабетис.
Јана вели животот не е ист како порано, но се труди да се привикне.
„Малце ми е потешко да, ми се јаде малце благо, но пак си поткаснувам…“ изјави Јана Костадиновска – дијабетичар.
Од Сојуз на здруженија на дијабетичари бараат референтна цена за терапијата и сите медицински помагала за дијабетичари. Дополнитело велат крајно време да се промени и позивитната листа на лекови која со години наназад е иста, па доколку дојде до промена наместо два тие би имале на располагање дополнително уште најмалку 7 лекови кој сега ги купуваат приватно.
„Очекуваме следната година да нема тендери туку да се промени моделот со отворен пазар со референтна цена, се со цел граѓаните односно младите пред се да бидат здрави да можат нормално да го живеат својот живот… НАшето барање генерално и главната цел е сите ТИП 1 да добијат сензори, ТИП 2 да добијат сите и нова терапија, ние на позитивната листа цело време тоа го кажуваме, добиваме само 2 лека другите сите веќе 7ма година си ги купуваме на приватно. Позитивната листа доколку се смени по нивните критеритуми на докторите, државата што ги објави ние ќе имаме уште 7 или 8 лекови….“- изјави Диме Велев – СЗДМ.
А токму денеска во организација на Сојузот се организизраше и настан за подигање на свеста за дијабетисот и градење на дијабетис култура. Во Македонија живеат над 100 илјади лица со дијабетис, а 4,1 % или околу 4 500 се со дијабетис тип 1. Од нив 650 се деца до 13 години, а 450 се млади од 14 до 24 години.