Водачот на самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, поддржан од Русија, изјави дека сепаратистичките сили ја презеле контролата врз пристаништето во југоисточниот град Мариупол.
– Во однос на пристаништето Мариупол, тоа е веќе под наша контрола, рече Денис Пушилин во изјава за првиот канал на руската телевизија, пренесува ТАСС.
Мариупол се наоѓа помеѓу источните области на Украина кои ги држат сепаратистите поддржани од Русија и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Москва во 2014 година.