Аргентинската тенисерка Надја Подорска се пласираше денеска во осминафиналето на турнирот во Рим, откако триумфираше над осмата тенисерка на ВТА листата Серена Вилијамс со 7:6, 7:5.
На Подорска, која е 44. рангирана во светот, за победа над поранешната тенисерка број 1. и беа потребни еден час и 59 минути.
За Серена Вилијамс ова беше јубилеен 1.000 меч во кариерата, во која има освоено 20 грен-слем титули