Клупските лекари и Здружението на фудбалери во Италија објавија дека се подготвени да започнат штрајкови доколку тренинзите за екипите во Серија „А“ продолжат прерано пред да заврши кризата со коронавирусот во земјата.
Лекарите и играчите издадоа изјави со кои јасно се наведува нивната намера.
– Со оглед на сериозниот развој на КОВИД-19 ширум светот и зголемувањето на ширењето на вирусот кај фудбалерите и тренерските штабови, медицинските лица во Серија „А“ соопштуваат дека ние ќе преземеме чекори за да ги заштитиме сите членови на тимот, ако процесот на тренинзи и остатокот од групните собири биде продолжен прерано. Ние едногласно советуваме дека тренинзите не треба да се продолжат пред да се забележи видливо подобрување на вонредната состојба во земјата, соопштија од лекарскиот синдикат.