Во мечот од 25. коло од фудбалскиот шампионатот на Италија, Интер синоќа на домашен терен ја совлада Сампдорија со 2:1.

Головите за домаќините ги постигнаа Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, додека за Сампдорија реализира Мортен Торзби.

Поради коронавирусот, средбата во Милано се одржа без навивачи.

Интер за прв пат победи на последните три натпревари и со 57 поени се зацврсти на третото место на табелата во Серија А. Сампдоријасо 26 бода е на 16. место.