Во натпревар со драматична завршница, фудбалерите на Лацио славеа победа на гостувањето кај Каљари со 2:1.
Двата гола римскиот клуб ги постигна во судиското надополнување и поразот го претвори во победа.
Стрелци за гостите беа Луис Алберто во 90+3 и Каишедо во 90+8. минута. Претходно Каљари поведе во 8. минута со голот на Џовани Симеоне.
По 16.коло Лацио е е трет на табелата во Серија А со 36 бода, три помалку од водечкиот тандем Интер и Јувентус.
Каљари со 29 бода е петти.