Интер попладнево го совлада Кротоне (6:2) во мечот од 15. коло на Серија А. Напаѓачот на клубот од Милано, Ромелу Лукаку постигна гол во 64. минута и постави нов клупски рекорд.
Белгиецот има постигнато 50 гола за Интер на 70 настапи во средби од италијанските натпреварувања. Ова е најдобриот резултат во историјата на „нероазурите“.
Лукаку го сруши рекордот на Бразилецот Роналдо, кој во дресот на Интер стигна до 50 погодоци на 77 натпревари.
Оваа сезона 27-годишниот фудбалер има постигнато 12 гола на 14 натпревари во Серија А.