Сезоната 2020/21 година во Италијанскиот фудбалски шампионат ќе почне на 19 септември и завршува на 23 мај, соопшти прес-службата на лигата.
– Советот на лигата едногласно одлучи дека новата сезона ќе започне викендот на 19 септември. Одлуката е донесена по одобрувањето на мнозинството клубови, стои во известувањето од Серија А.
Претходната сезона во Италија заврши на 2 август.