Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, е прогласен за најдобар фудбалер во Серија А за месец ноември.
Португалскиот репрезентативец наградата ја заслужи со одличните настапи во дресот на актуелниот италијански првак, постигнувајќи минатиот месец пет голови на три натпревари – против Специја, Каљари и Лацио.
Наградата ќе му биде врачена пред денешното градско дерби против Торино.
По девет одиграни кола во италијанското првенство, Јувентус е четвртопласиран со шест бодови помалку од лидерот Милан, додека Торино е на 18. место.