Поранешниот италијански репрезентативец и капитен на Милан, Алесандро Неста е назначен за нов тренер на Фросиноне.
Клубот не успеа да го задржи прволигашкиот статус и во следната сезона ќе настапува во Серија Б.
Прес-службата на Фросиноне објави дека со Неста е потпишан договор со двегодишна важност.
Четириесет и тригодишниот тренерската кариера ја почна во Мајами пред три години, а минатата сезона ја предводеше Перуџа со која не успеа да избори учество во Серија А.