Кутија за собирање предвремени гласови во државата Вашингтон пред претседателските и конгресните избори во САД на 5 ноември изгоре денеска во сомнителен подметнат пожар што го истражува ФБИ, соопшти локалната полиција.
Снимката од локалната телевизија КАТУ покажува чад што доаѓа од гласачката кутија во Ванкувер, а може да се видат и повеќе запалени гласачки ливчиња. Кутијата не била испразнета од 8 часот по локално време во неделата, па стотици гласачки ливчиња се уништени, објави телевизијата, повикувајќи се на локални власти.
Серија саботажи
The Clark County Elections ballot drop box at the Fisher’s Landing Transit Center was lit on fire this morning. Clark Co. Auditor Greg Kimsey says hundreds of ballots were inside at the time, the last pickup being 11AM Saturday. Full story here https://t.co/sYkz8ydEqH @KATUNews pic.twitter.com/a8vw0QXXoY
— Evan Bell (@evanbellKATU) October 28, 2024
Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила „сомнителен уред“ што бил до кутијата. Кутијата се наоѓаше во 3-тиот округ во Вашингтон, седиштето на една од најнеизвесните трка во Претставничкиот дом, меѓу демократката Мари Глузенкамп Перез и републиканскиот предизвикувач Џо Кент.
Инцидентот е последен во серијата саботажи на гласачките кутии. Полицијата во Портланд, Орегон утринава добила пријава за сличен пожар предизвикан од запаливо средство во гласачка кутија. Во четвртокот маж беше уапсен во Феникс откако беше запалено поштенско сандаче при што изгореа 20 гласачки ливчиња.