Околу осум часот утрово по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Лезбос беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтерова скала, а една минути подоцна уште еден од 4,8 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Во период од час и половина, во морскиот дел на 46 километри југозападно од Лезбос биле регистрирани шест земјотреси меѓу 2,9 и 4,9 степени.
Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета.