Тренерот на Барселона, Кике Сетиен ги шокираше Каталонците со изјава за иднината на Лео Меси.
Според стратегот, шесткратниот добитник на „Златна топка“ веројатно ќе го стори незамисливото и ќе го напушти „Камп Ноу“.
Според него, сепак, ова може да се случи под еден услов, што според него нема да биде исполнет.
– Доколку тој не е сигурен дека е во тек победнички проект, тој може да се повлече. Но, Барселона секогаш смета на еден проект, кој ќе носи успеси, истакна Сетиен, додавајќи дека е сигурен дека Меси ќе игра за Каталонците следната сезона.
Во последно време шпекулациите за ѕвездата на Барса не сопираат бидејќи неговиот договор е до 2021 година. Тие доаѓаат во време на серија судири на високо ниво, особено со претседателот Пеп Марија Бартомеу. Не е тајна дека Меси е во заладен однос со шефот и, најверојатно, тој не брза повторно да потпише и ги чека изборите.
Во врска со забранетите тренинзи поради пандемијата на коронавирус, Сетиен рече дека аргентинскиот генијалец одржувал форма дома.
– Оние кои немаат салата во своите куќи, добија програма од клубот за да можат да ги завршат сите задачи, додаде Сетиен.