Јужнокорејски претставници потпишаа краткорочен договор со кој се зголемуваат издатоците на Сеул за воените сили на САД распоредени на Корејскиот полуостров, по неуспех на претходна зделка.
Претстои новиот договор да биде одобрен од Парламентот во Сеул.
Со договорот Јужна Кореја зголемува до 1.03 билиони вони (890 милиони долари) давачки за тие сили. Во 2018 година Сеул плати само 960 милијарди вони.
За разлика од претходните договор со рок од пет години, новиот договор има рок од една година. Тоа означува дека Вашингтон и Сеул може да се вратат на маса за преговори по неколку месеци.