Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој неодамна беше „починат“ од пропагандата, денеска упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин, по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.

Во својата честитка, Ким истакна дека рускиот народ покажал неспоредлив херојство и несебичност пред 75 години, постигнувајќи Голема Победа во војната против фашизмот, што се закануваше на судбината на човештвото, пренесува ТАСС.

Севернокорејскиот лидер истакна дека херојските дела на рускиот народ засекогаш ќе останат во сеќавање на луѓето од сите земји кои ја сакаат правдата и мирот.

Ким Џонг-ун посочи дека односите меѓу двете држави се традиционално пријателски и изрази уверување дека тие ќе бидат зајакнати и развиени во согласност со предизвиците на новото време.