Најмалку 15 лица загинаа во досега невиден студен бран што ги погоди Аргентина, Чиле и Уругвај.
Владите на овие три јужноамерикански земји го ограничија снабдувањето со гас и активираа планови за итни засолништа.
Поларна воздушна маса од Антарктикот минува низ регионот, спуштајќи ги температурите значително под нулата.
Во Буенос Аирес, температурите оваа недела паднаа на минус 1,9 степени Целзиусови, што е најниско ниво во последните 34 години. Поради големата побарувачка, илјадници луѓе останаа без струја и по 24 часа во некои области.
Во Монтевидео, температурите достигнаа максимум од 5,8 степени кон крајот на јуни, што е најниска забележана вредност од 1967 година, според податоците на метеоролозите.
Чиле ги активираше плановите за сместување бездомници за време на најстудените денови. Во градот Чилан, 400 километри јужно од главниот град Сантијаго, регистрирани се минус 9,3 степени Целзиусови, соопшти чилеанската метеоролошка служба.
За прв пат во последните десет години, снег падна во делови од пустината Атакама, каде што е најголемата суша во светот.
Фото: Коперникус на Х