Министерот за образование и наука Јетон Шаќири посочи дека од почетокот на следната година ќе има можност за зголемување на платите во Државниот испитен центар (ДИЦ).
Тој во гостувањето на ТВ 24 во однос на штрајкот на ДИЦ посочи оти смета дека не е во ред кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници. Потенцираше дека директорката на ДИЦ од следната година ќе има простор на тие што работат, што се вклучени во работниот процес, да им понуди повисоки плати.
-Точно е дека седум месеци се дискутира со Државниот испитен центар, но точно е и тоа дека имаме нов општ колективен договор, имаме нови одлуки од страната на Министерството за финансии и имаме забелешки од Меѓународниот монетарен фонд како начин на покачување на плати. Мислам дека со месец јануари, со постапките или новиот Закон за извршување на Буџет, директорката на ДИЦ ќе има простор на тие што работат и тие што се вклучени или на сите вработени да им се понуди повисоки плати од постоечките плати што ги имаат во овој период, посочи Шаќири.
Тој додаде дека како министер го поддржал начинот на кој што ДИЦ бараше да се почне со покачување од месец декември, но согласно новото упатство, без согласност на Министерството за финансии, не може да се потпише колективен директнор помеѓу директорката на ДИЦ и помеѓу Синдикатот на ДИЦ.
Фото: Архива