Новото засилување на Ливерпул, Џердан Шаќири, изјави дека има големи очекувања со англискиот тим во следната сезона.
– Се надевам дека тоа ќе можам да го повторам, бидејќи знам какво е чувството да се освои Лигата на шампионите. Мислам дека можеме тоа да го оствариме. Квалитетен тим сме, особено со новите играчи кои дојдоа во клубот. Се радувам на новата сезона и се надевам дека конечно ќе ја освоиме титулата, бидејќи таа е доказ за успешност, истакна Шаќири.
Швајцарскиот фудбалер дојде во Ливерпул од Стоук, а претходно настапуваше за Базел, Интер и Баерн Минхен, со кого во 2013 година ја освои Лигата на шампионите.
– Кога чув за понудата веднаш сакав да дојдам во Ливерпул, бидејќи одамна го познавам Клоп. Тој е прекрасна личност со победнички менталитет, а тоа е најважно, наведе Шаќири.
Ливерпул освен Шаќири ова лето направи уште три други големи трансфери и го донесе голманот Алисон Бекер од Рома, Наби Кеита од Лајпциг и Фабињо од Монако.