Преодниот министер за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг ќе оставне на истата функција и во новата Влада на мандатарот Себастијан Курц. Оваа вест ја потврдија и од „Зелената Партија”, јави дописникот на МИА.
Лидерот на Народната Партија на Австрија и старо-нов премиер Курц, е задоволен од работата на Шаленберг, а тоа е главната причина зошто ќе остане на истата фунцкија и во новиот владин состав. Станува збор за професионален дипломат, со повеќе од 20 години кариера. Тој е роден во Берн, а во својата кариера на служба бил во Индија, Шпанија и Франција.
Инаку, тој важи и за многу силен и гласен поддржувач на проширувањето на Европската Унија. Беше еден од главните политичари кои силно се залагаа уште на есенскиот состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел, Македонија и Албанија да добијат конкретен датум за почеток на преговорите.