Едно шестгодишно момче од Русија успеа без одмор да направи 4.445 склекови за два часа и на тој начин освои стан за себе и своето семејство.
„Чеченскиот Шварценегер“ Ибрахим Лијанов, меѓу другото, се впиша и во руската Книга на рекорди.
Новиот дом детето го доби од околниот спортски клуб во којшто Ибрахим секојдневно тренира со својот татко.
Лани момчето освои и нов „Мерцедес“, откако направи 4.105 склекови.