Министерството за здравство на Израел објави дека повеќе од 2.000 луѓе биле позитивни на ковид-19 во понеделникот, што е најголем број за 24 часа од март.

Како што е наведено, биле тестирани повеќе од 90.000 примероци, а стапката на позитивни е 2,32 проценти.

За споредба, среде третиот бран во јануари, имаше повеќе од 1.200 новоинфицирани лица на ден.

Според Министерството за здравство, 10 проценти од оние кои биле позитивни на коронавирус во понеделникот пристигнале од странство. И покрај апелите на Владата да не патуваат непотребно, меѓународниот аеродром во Израел, „Бен Гурион“ е полн со патници.

Зголемувањето на бројот на заразени се припишува на ширењето на „делта-вирус“ во последните неколку недели и повторно се воведени санитарни мерки, кои беа скоро целосно укинати порано, а се препорачува употреба на заштитни маски и изолација, известуваат израелските медиуми.

Денес министерот за здравство, Никан Хоровиц, го повтори повикот на израелскиот премиер Нафтали Бенет, што побрзо да се вакцинираат сите што досега не го сториле тоа.

Во Израел, повеќе од 5,3 од 9,3 милиони луѓе се целосно имунизирани.