Кинеската компанија „Xiaomi“, пред се позната по производството на паметни телефони, го претстави својот прв електричен автомобил SU7.
Со ова „Xiaomi“ влезе на пазарот на кој моментално доминираат Тесла и кинеската компанија „BYD“.
Основната цена на овој автомобил е нешто повеќе од 30.000 евра (како Tesla 3), додека цената за најскапата верзија е околу 40.000 евра.
Тврдат дека има автономија од 800 километри, како и дека до брзина од 100стигнува за 2,78 секунди, а може да достигне максимална брзина од 265 km/h.
Компанијата претходно истакна дека продажбата ќе започне веднаш по лансирањето на возилото и најави дека отвора листа на чекање за новото возило во 59 продавници во 29 градови во Кина.
Според Би-Би-Си, Леи Јун минатата година изјави дека компанијата „Xiaomi“ сака да стане еден од петте најголеми производители на електрични автомобили во светот.
Електричниот автомобил SU7 има заеднички оперативен систем со лаптопи, паметни телефони и други уреди на „Xiaomi“, а компанијата се надева дека тоа ќе им се допадне на постоечките клиенти на марката.