Поранешната лидерка на ВТА-листата, Марија Шарапова, ќе учествува на тенискиот турнир во Бризбејн од 6 јануари до 12 јануари.

– Ова е добар почеток на сезоната. Имаше многу подеми и падови. Имаше моменти кога бев подготвена да играм, но моето рамо не беше. Сега сум мотивирана да играм. Во фаза од кариерата сум, во која се наоѓам, ова е добар знак, рече 32-годишната Русинка.

Шарапова доби вајлд карта за загревачкиот турнир пред Австралија опен. Првиот Гренд-слем турнир започнува на 20 јануари.

– Кога бев помлада, не гледав шанса да играм откако ќе навршам 30 години. Сè уште чувствувам дека има нешто да му дадам на спортот. Имам страст за да бидам на теренот. Се надевам дека и здравјето ќе биде на моја страна, рече освојувачката на 5 Гренд-слем титули.