Јас мислам да не се стискате, да направите дупла влада, со по три заменици министри, шест вицепремиери, па по четири директори на една институција, се’ да си зголемите за да ви ги засити апетитите за столче, службена картичка, кола, ручек и можност да вработувате, вели поранешната директорка на Институтот за медиуми, Жанета Трајковска.
Таа беше еден од многуте разочарани поддржувачите на смената на „режимот на Груевски“ со „демократска власт на Зоран Заев“, чие продолжение е актуелната власт, на чело со премиерот Димитар Ковачевски.
– Гадно е да гледаш како го делите „пленот“, како се ценкате за уште една функција, за уште едно моќно место. Земете се, па и животите. Благојче е пример… Каде е линијата кога викаш, доста е, сепак државата не е парче свинска кожа, доста е, правам штета поголема од тоа што јас ќе добијам?! Веројатно ја немате. Па затоа најлесно е да се плукате меѓу себе додека грабате уште една позиција и да бладате празни зборови во јавност, пишува Трајковска во објавата.
Нема излез, додава Трајковска, од оваа баруштина.
– Затоа барем вашите апетити да ги задоволиме – дајте 34 министерства и кажете дека тоа е сега најважно за успешниот пат кон ЕУ, упс …Бугарија, објавува таа на Фејсбук.