Шарлиз Терон и Сет Роген развиваат професионално флертување во првиот трајлер за политичката романтична комедија „Лонг шут” која наскоро ќе пристигне во кината.
Терон во филмот е Шарлот Филд, државна секретарка која подготвува претседателската кандидатура. На еден настан таа ќе се сретне со новинарот Фред Фларски, во улога на Сет Роген, на кој некогаш му била дадилка.
Шарлот подоцна ќе го ангажира Фред да биде нејзин портпарол. Додека патуваат заедно за време на предизборната кампања, тие ќе се зближат, што во голема мера ќе влијае на тимот на Шарлот.
Премиерата на филмот е закажана за 3 мај оваа година.