Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на свеченоста „Силно светнал ден“, посветена на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.

По повод јубилејот, Шасивари истакна дека во изминатите 35 години Македонија го градеше својот пат низ бројни предизвици, промени и успеси, нагласувајќи дека државата е најсилна тогаш кога сите нејзини граѓани се чувствуваат еднакви, почитувани и вреднувани.

„Нашата различност не треба да нè разделува. Таа е богатството што нè поврзува“, порача Шасивари.

Тој посочи дека Македонија е дом на различни народи, јазици, култури и традиции, но пред сè е заедничка татковина и заедничка иднина.

Според него, одбележувањето на независноста не треба да биде само потсетување на достигнувањата на генерациите што ја создавале државата, туку и обврска за нејзино натамошно градење.

„Нашата задача е да ја градиме Македонија што ќе им ја оставиме на генерациите што доаѓаат“, истакна министерот.

Тој додаде дека иднината треба да се гради врз еднаквоста, правдата, почитувањето на различностите и заедништвото.

„Македонија во која еднаквоста е вредност, правдата е темел, различностите се сила, а обединетоста е пат кон иднината“, порача Шасивари.