До денеска 60 отсто од француското население примило барем една доза од вакцината против Ковид-19. Само во последните две недели биле вакцинирани четири милиони лица, јави дописникот на МИА.
-Заедно ќе го победиме вирусот. Продолжуваме!, порача претседателот Емануел Макрон, кој се наоѓа во посета на Пацификот, во Француска Полинезија, објавувајќи дека е надминат прагот од 40 милиони вакцинирани луѓе.
„Дури 40 милиони Французи примија барем една доза вакцина или речиси 60 отсто од населението (+ четири милиони за петнаесет дена)“, напиша на својот твитер профил францускиот претседател.