Израел ја критикуваше шефицата на агенцијата за деца на ОН откако таа го осуди сексуалното насилство извршено од милитантите на Хамас врз жените за време на нападот на 7 октомври. Израелските власти велат дека реакцијата на Кетрин Расел, извршната директорка на УНИЦЕФ е недоволна и дека тоа е резултат на меѓународен притисок.

Расел денеска на социјалните мрежи напиша дека „изјавите за сексуално насилство се ужасни“. „Преживеаните треба да бидат слушнати, поддржани и згрижени. Нивните приказни мора целосно да се истражат. Ние го осудуваме родовото насилство и сите форми на насилство врз жените и девојчињата“, рече таа.
The accounts of sexual violence on 7 October in Israel are horrific.
Survivors must be heard, supported, and provided with care. Allegations must be fully investigated.
We condemn gender-based violence and all forms of violence against women and girls.
— Catherine Russell (@unicefchief) December 6, 2023
Лиор Хајат, портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, рече дека оваа изјава е недоволна и дека доаѓа предоцна. „Беа потребни речиси два месеци УНИЦЕФ да зборува за израелските жртви… И само по меѓународна кампања и притисок“, рече Хајат, пренесува „Гардијан“.
„Фактот што Расел не ја споменува терористичката организација Хамас е уште еден начин да се затворат очите пред нејзините злосторства. Со тоа што не го спомна Хамас, таа ги легитимираше нивните постапки“, додаде тој.