Косовските медиуми објавија фотографии од пристигнување на колоната автомобили пред Претседателството, а потоа и од самиот Барнс како влегува во зградата.
Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, кој допатува денеска во Приштина, снимен е попладнево како оди на средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи во зградата во која се наоѓа нејзиниот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовските медиуми објавија фотографии од пристигнување на колоната автомобили пред Претседателството, а потоа и од самиот Барнс како влегува во зградата.
Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција на Косово доаѓа откако тој престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија.
Американската амбасада во Приштина претходно не одговори на прашањето дали Барнс е во посета на Косово, а на истото прашање на Радио Слободна Европа не одговорија ниту Претседателството на Косово, ниту Министерството за внатрешни работи.
Тимот на РСЕ во четвртокот напладне го фотографира авионот на американската армија паркиран пред ВИП-зоната на аеродромот во Приштина.
Се верува дека Барнс со овој авион патувал од Сараево до Белград. Според веб-страницата за следење летови, Флајтрадар (Flightradar), денеска, 22 август, овој авион патувал од Белград за Бугарија, па во Македонија и конечно во Косово.