Шефот на Украинската разузнавачка служба Кирило Буданов денеска изјави дека постои реална опасност од експлозија во нуклеарната централа Запорожжја и дека руските сили ја минирале постројката за ладење.
„За жал, отсега постои одредена закана. Нуклеарната централа Запорожје беше и е под привремена контрола на руските окупациски сили“, рече тој, додавајќи дека Русите веќе спречиле нормален пристап до водата за ладење на нуклеарната централа со уривање на хидроелектричната брана Каховка.
Тој вели дека биле минирани просториите на нуклеарната централа Запорожје, пред сѐ ладилникот.
„Доколку централата ја извадат од погон со кревање во воздух, голема е веројатноста тоа да предизвика сериозни проблеми“, вели Буданов.