Креацијата на четири тркала, Hummer (Hammer) H1 “X3”, е висока 6,6 метри, долга 14 метри и широка 5,8 метри, три пати поголема од стандардниот автомобил Hummer H1, а воедно е и најголемиот Хамер на светот.
Автомобилот, се разбира, е во состојба на возење, а благодарение на дизел моторите на секое тркало, овој џиновски џип е погоден за употреба на сите четири тркала.
Големината на автомобилот овозможува во него да се најдат бројни и необични удобности, како што се неколку спални соби, тоалети, но и гостинска соба со поглед од 360 степени.
Сопственик на ова чудо е шеикот Хамад бин Хамдан, член на владејачкото семејство на Абу Даби, а покрај него поседува и околу 3.000 автомобили кои обично се украсени во боите на виножитото, па оттука и прекарот „Шеик на виножитото“.
Сите негови возила се чуваат во огромна пирамида среде пустина.
Според медиумите, Hummer X3 е изложен во Off-Road историскиот музеј во Ал Мадам, ОАЕ, па посетителите имаат можност во живо да го видат необичниот автомобил.
И има видео за тоа како овој автомобил изгледа на обичните патишта, во споредба со другите, обични автомобили. Шеикот Хамад возел со полициска придружба, со цел веројатно да спречи инцидент од секаков вид, а чудењето на минувачите не изостанало.
Dubai Rainbow Sheikh’s giant Hummer H1 “X3” is three times bigger than a regular Hummer H1 SUV (14 meters long, 6 meters wide, and 5.8 meters high). The Hummer is also fully drivable
[read more: https://t.co/LlohQguhTM]pic.twitter.com/uV1Z4juHKx
— Massimo (@Rainmaker1973) July 27, 2023